Ајде една весела, си велам... ама не ми дава мир.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Беше на едно високо скеле, сега веќе ѕидар, а некаде во него, вкоренувана низ сите оние изминати години, долги, од неговото детство, почна да ги подава своите отровни повитки, една ужасна бездна, да се отвора и да се длаби пред неговиот поглед и да не му дава мира да се размавне и да работи, како што знаеше тој, како што работеа сите други мајстори, и во сонот опоменувајќи со длабочината на провалијата под него, ниеднаш не позволувајќи му да подзаборави, да си ја сочува онаа свикнатост со не.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Забележувате дека насмеан изгледате многу поубаво, но не ви дава мир одвратното чувство на нелагодност и извештаченост додека ја правите лажната насмевка.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Ќе ве прогонува, нема да ви дава мир и на крајот ќе умрете мизерни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Да не го гледа ни него, ни кучето што не му дава мир и спокој откако децата пак почнаа да носат кучиња за да се борат со него.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Мојата професионална новинарска љубопитност не ми даде мир да останам на ова место па се упатив во правецот од каде што се слушаа извиците на демонстрантите и од каде што тие наближуваа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ми дава мир и ме опушта.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
-“И што е најголемото зло?
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)