Но кога се населивме во куќата крај брзата река и кога започна, во овие повоени времиња, да нè измачува гладот, татко ми, без своја рода и блиски луѓе, со кои лесно се дели и последното парче леб, западнат во вечното читање на своите книги, сѐ повеќе личеше на некаков балкански Дон Кихот, кој не умее да најде никаков излез за семејството, на чии врати сѐ посилно тропаше гладот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Бидејќи пак обајцата овие попови придружници земаа учество во неговите работи, секој ден дедот поп им делеше и ним по нешто: по една две поскури, по едно шише винце — и тие да ја поминат света неделичка мајчичка повесело.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)