дестабилизира (гл.) - хетеросексуалец (прид.)

А и, воопшто, подозрив сум да не ги заменам описите со толкувања, конкретните предмети и практики со „опсенарски свет на ‘значења’“, да не би одбил така да ги согледам појавите онакви какви што се по себе, со сета нивна особеност, и да не го пренебрегнувам она што треба да се набљудува.113 Второ, кога психоаналитичките мислители го изнесуваат своето тврдење дека желбата го надминува идентитетот, главната цел, или главниот исход, е да се дестабилизира хетеросексуалниот идентитет, хетеросексуалноста да се ослободи од идентитетот – постапка чиј краен ефект не е да се поткопа, туку да се промовира и да се универзализира хетеросексуалноста.114 (Некои квир-теоретичари на сличен начин се повикуваат на психоанализата за да фрлат сомнеж врз стварноста на геј-сексуалната ориентација: исходот, меѓутоа, не е пресвртување на хетеросексистичкиот ефект, туку негово продлабочување.) Решавам да појдам по друг пат и да ги драматизирам границите на машкиот геј-идентитет така што ќе се занимавам со културните практики и животните искуства на самите геј-субјекти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)