доаѓа (гл.) - отсекаде (прил.)

Сакав да бегам, ама од меѓу ѕидовите се слушаше детски плач.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За само неколку секунди почна рафална стрелба што му се чинеше дека доаѓа отсекаде.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во тој општ хаос што нанадејно ја замени тишината на ноќта, тој сè уште стоеше скаменет.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Вода доаѓаше отсекаде. Дали е ова Потоп?, се прашував во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)