доаѓа (гл.) - повеќе (прил.)

Ако тргнеме во спротивни насоки не довикувај ме повеќе, заминувам, оставајќи на судбината: „така требало да биде“ Не доаѓај повеќе да ја собираш дождовницата од пресушените очи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Му реков дека никогаш повторно нема да дојдам, и уште додека одев кон дома сакав да се вратам кај него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А еве зошто: Васете го нема и не доаѓа повеќе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
VI Тетка Анѓа учителката не доаѓа повеќе да нѐ учи. Учителот не ја остава.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Она што ти го нарекуваш љубов е себепонижување и себеизмачување. Оди си и не доаѓај повеќе.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)