Динамитот пристигнал и Орце се договорил со Д. Евангелидис, Грк, трговец, за награда од 100 лири, да го подигне “лекот“ против филоксера од царинарницата во Деде-Агач и да го испрати во Солун.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
128 Поучен од позитивните искуства и примери на дел од неговите колеги, Б. Н. ангажира адвокат од Штип (В. Парчеклиев) кој ја изготвува тужбата и целосно го застапува пред судот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Иако има пракса да се договори со адвокатот за трошоци во висина од 10% од досудената и наплатена оштета, поради сигурноста во својот случај, тој се договара за трошоци според Адвокатската тарифа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Таму го затекнавме Тимотеј, чесниот верник и следбеник на Исуса, кој, откако се обрежа, го зедов при себе, та заедно учејќи ги верните христијани на она што бевме го договориле со другите апостоли и старешини во Ерусалим, продолживме низ Фригија и Галатија, славејќи го името Божје и јакнејќи ја црквата Негова на земјата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Вас ве побарав зашто слушнав дека сте биле добар работник“.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се договоривме со газдата на кафулето дека таму ќе бидеме од 20 јуни до 1 август, затоа што требаше да се вратиме пред да замине Змејко на брод.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Можеше да се договори со неа да се видат повторно, доколку кој било од нив го посакаше тоа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Височината ја договоривме со владата, не сакаат никакви изненадувања.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)