донесе (гл.) - со (предл.)

Осаменост ли, лукавоста ли на овега, или пак тоа го сторил за инает на браќата и братучедите од кои никогаш не престана да се чувствува предаден - управувањето со Имотот му го препуштил нему, на Сима Симиќ, српски пропагандист, а сам со неколку книшки што го донесол со себе Симиќ, се здал да ги „просветува“ потковичаните.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
6. Иако реформената програма од февруари 1903 год. што беше донесена со согласност на сите потписнички на Берлинскиот договор, во Македонија беше наречена „Падарски реформи”, треба да се нагласи дека со овој меѓународен акт првпат трите вилаети на Македонија беа изделени од другите области на Европска Турција и беа поставени извесни основи за политичкото индивидуализирање на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Постојано сакаше да биде во движење, да подработува нешто или да шета или да ги движи мислите со мудрости што ги имаше донесено со себе од светот; и пиеше само вода што се движи; никогаш не пиеше вода што стои: од бунар, од вир, од локва и колку таа да беше чиста.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Откако И.И. заврши со мачниот попис на несреќите што им ги донесе исламската религија на Албанците, верно следен од авторитетниот поглед на А.А., продолжува: - Исламот што ни беше донесен со Отоманската Империја е сунитски, но во Албанија дојдоа и шиитите преку сектата на бекташите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ги извади разните документи од турско време што ги имаше донесено со себе и оние што му ги даде игуменот и кметот, во кои се гледа дека манастирот и селата околу него: Езерец и Пискупие, плаќале данок и царина во Охрид, односно Охридска каза, а не во Корчанската каза со која манастирот се граничел во Турско време; дека пасошите на населението од овој крај се ваделе во Охрид; дека ревизија на алкохолните пијалоци во манастирот ги вршела даночната комисија од Охрид; дека плаќањето за ослободување од војна обврска се вршело во Охрид; дека пописите на приходите и расходите на манастирот, ги вршеле црковните власти од Охрид; дека во потврдите за исплатени пари на мајстори од селото Езерец што го обновиле манастирот, стои:
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Среде одајата, со спуштени пердиња, и во полутемното, беше ставено калаисано купелче со топла вода, а околу него се моткаше лично попот Никола од Ралин-Панта маалото, кого сигурно Тодора го беше донесла со чезата за да го крсти детето по рисјанските обичаи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
КАТА: (се крсти). Ај, шуќур оти господ ни те донесе со здравје! (На Анѓелета). Крсти се дури е топло.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кога им се доближи, тие го препознаа старецот што ги донесе со кола оној ден.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А внатре не сме само ние: купишта чкрапји, стоногалки, и вошките што сме ги донеле со алиштата наши.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислите покроце се ослободуваа од раздразнетоста, што ја донесе со своето доаѓање; сето она сега беше сосема далеку од него и тој многу често се наоѓаше себеси загледан и мирен, со едни сосема меки и стивнати размислувања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе ја преорам земјата, ефенди, ќе го донесам со јаболко во уста.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Луѓето од тој крај никогаш не им се чуделе на крастите - срцето е здраво, и на ѕверот кожинката му се митари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тројцата донеле со себе невидени и нечуени чуда: сребрени белегзии со модри каменчиња, школки, од кои, кога ќе се легнело врз нив со уво, шепотело морето, вретенесто суви риби со отворени усти и со боја на проѕирно злато, басми со секакви шари (едно цветно поле од качунки и синолички), морски ѕвезди, презашеќерени непознати овошки од кои се дебелело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тоа несовршенство не ја оправдува големата промена што звукот ја донесе со себе.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој ден и деновите по тој ден многу луѓе донесоа со камиони. Црневица народ.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Останал истиот и без мене овие седум години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стоев во претсобјето, мирисот беше ист како и пред да заминам, оној мирис кој го донесовме со себе кога се вселивме во тој дом кога имав единаесет години, и кој остануваше непроменет и откако Зигмунд се отсели кога имав дваесет и една година, и откако се мажеа и од домот заминуваа моите сестри, и по заминувањето од дома на брат ми Александар, тој мирис на нашиот дом остана ист и откако умре татко кога имав триесет и четири години, една година пред да заминам за Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во времето на дејствието на романот владее сталинизмот, идеологија преку која се настојува козарите кои живееле во блиските планини да ги трансформира во работничка класа, но главниот проблем биле козите донесени со козарите во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)