Многу брзо заминал во Италија и тогаш, дали поради тоа што направиле таков себап или поради која било друга причина, се родило девојче....прво. Ѝ донел прекрасни, дрвени кујнски елементи, направени во италијанска фабрика за играчки, и таа била најважна во маалото.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Еден некогашен адвокат, кого клиентите почнале да го одбегнуваат заради неговата зависност, сега активен блогер под никот "Оmerta", донесе прекрасни извици, собрани по судските сали и ходници, на парови во бракоразводни парници и на корумпирани, ситни шалтерски работници, во моментот кога ги изнесуваат од полициското комбе и со врзани раце ги внесуваат во судот, снимани од локалните телевизии.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)