Кога се врати дома, по сфатката со Дамческите, за да се успокои, не се качи горе, во харемот, туку нареди да му постелат под црницата и таму да го услужат со татли кафе, локум и студена вода а потем заповеда и Коранот да му го донесат тука.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Стои загледан во девојките и момчињата кои пред малку ги донесоа тука.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Инструкторот за миг како да онеме и налутено праша: - А којa ли беше таа будала што ве донесе тука со игли за плетење, а?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- У волци да го одерат и него и тие кои го донесоа тука - пак проколна баба...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но кога ги погледнав колегите у моето опкружување од парламентот си поставив прашање дали е ова масло на Бог или па Ѓаолот ме донел тука.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Пред да го донесат тука, го беа одвеле на едно друго место, кое мора да беше обичен затвор, или место за привремено притворање што го употребуваа патролите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И фала Богу се досетив. Им велам: - А не е ли подобро Европа да ви ја донесам тука, - им велам иако можеби тоа е уште потешко.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
А од јаболката донесе тука за да замириса одајчето на убаво.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ги присобра уште ситните деланки кашкавал, што беа останати во крпата, во која еднаш имаше цела полутина од питата, а после го донесе тука и шеќерот, што беше преостанат во една метална кутија и реши дека сета таа храна може да му стаса сила-сила за уште два полугладни дена.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Ами што бараа тука тие вашите Македонците? - Војната ги донесе тука.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Од кога Енвер не собра и не донесе тука за да ја градиме фабриката и железничката линија до Поградец.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)