дотрча (гл.) - и (чест.)

- Сите што настојуваа да заминат на таа страна за која ти си навивал ги погребаа - го поучуваше Чауле поткусеното човече. – Или народски речено отидоа јабана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога го виделе големиот пламен, дотрчале и луѓето од Езерец, но не можеле ништо да сторат: ветерот што дувал сѐ повеќе го распалувал огнот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Зошто да ме погребат? - човечето најнапред го прашуваше Чауле а потоа дотрча и кај Мајката. - Имаш видено некого жив да погребаат?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се јави стражарот, дотрча и војна полиција: бараат убиен човек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се насобраа селаните. Дотрча и кметот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тогаш дотрча и Чако и почна да лае. Туку, тоа не беше лаење, повеќе беше ’ржење, цвичење, завивање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)