дојде (гл.) - утре (прил.)

Ристе ја постави молбата. Суло го има чеканот за дамка, а Ристе десетина товари штици недамкосани, та „ако е кабил“ да дојде утре Сулоага да ја удри дамката да не ги носи Ристе на каракулот и да не плати кочан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И со тоа ќе издадите сами себе, та нам никој ништо нема да речит.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама, бесата бес. Да не дојди утре да нападниш нас оти опљачкавме селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- „Аа, се присети тој, ќе дојде утре”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Ако дојдевте утре попусто ќе ѕвоневте. Утре в зори патувам.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дојди утре,“ речиси наредувачки ѝ рече тој.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Ох, сфаќам. Па, ќе дојдам утре. Да дојдам?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со здравје, со здравје! Дојди утре кај мене да направиме сметка што му чини лихвата до есен.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Со песок ќе платам данок кога ќе дојдат утре. Ајдете, ќерки.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стоката ни се наоѓа во царинарница. Дојдете утре и ќе бидете услужени“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Патувај, синко, мислел во себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Барем ти спаси се од одмаздата што ќе дојде утре. Патувај, младоста е иднина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оставете ме да доспијам. Дојдете утре.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Да, ох, ДА!“ „Ние сме на полето вон градот. Ќе можете ли да дојдете утре?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но сепак, заради убавината, Петјушка се реши на операција.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тогаш, докторката му рече да дојде утре.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)