Некое нестално чувство на жизненост одеше рака под рака со откритието, до кое непрестајно одново и одново се доаѓаше во сите тогашни урбани лезбејски и машки геј-заедници, дека хомосексуалноста не е нераскинливо сврзана со родовиот неконформизам, дека лезбејките и геј-мажите се и можат да бидат „нормални“.
Небаре за да го покажат и за да го драматизираат тој невиден пробив, толку неверојатен, а, сепак, толку вистинит, геј-мажите главечки се залетуваа во колективниот проект на нормативната геј-пројава.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)