е (гл.) - душа (имн.)

- „А каде е душата?“ Ако е во очите тогаш во твоите очи јас ја најдов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Душа која се храни со страдања, сол на жива рана, остар жилет зариен во крваво месо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Па тоа е душа растргната на сто делови, ситна сирота душа која тоне сѐ подлабоко и подлабоко во темниот лавиринт на очај и агонија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дишиме бавно, длабоко, повторувајќи ја молитвата, се обидуваме да дојдеме до состојба на мир, спокојство, светлина која би не исполнила со неискажана радост, милост, блаженство и благодарност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Она бела кошула свети од белина, сѐ е чисто пречисто а најчиста ѝ е душата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А кога тој сакаше да ја убие, мајка му му рече: „Немој, чедо... Тоа е душата на баба ти... Нѐ посетува...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Така и тогаш, се ослободив малку од моите стравови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти ветувам за ова, ти ветувам за она, баш си досадија! Кога ќе извлечам ветување од татко ми, мирна ми е душата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И мене ми е душата в заби, што се вели, ама не запирам со одење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Не знам во која од овие светулки е душата на син ми што загина во војната”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Кажувај, реим ти е душата.“ Стана. Потоа: „Нема што да кажам. Старчево ја украло пушката.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш видов дека од едната рака му виси сплетен камшик и дека умее со него да везе шари по селанските лица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нашиот организам, и без помагалата на современата наука, доволно успешно ги толкува пораките на природата преку многуте послушници во нашите тела; знаеш колку органи се ангажирани со такви задачи; (еден вид резонатори, нели?); а потоа, тука е душата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Штуро е душата себе си да се моли Разбранета ноќ да ве врати Низ маслинките земјата кон морето кога трчала.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Таму е темно и попелишта само од пресушени мориња Небото распнато на крст се ниша И глас од подземјето вие: - Лош знак е душата себе си кога се моли, И кога човекот остане само со сенката бледа, Зашто тебе во ова соѕвездие те нема – а те гледам, Некаде си – но, каде си, Андромеда?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)