- Може тој да си го окрка, - рече по малку - Како што е мажот ти запас, така да блада пред толку народ...
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Зошто не довлезе внатре? Можеби помисли дека тој ми е мажот Пол со кого се разведов?
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Елефтерија, каква што ја имаше дадено Господ, просто откачи: „О, да. Еднаш. Со една црнкиња. Ама тоа не ме вовлече. Мажот е маж“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Можеби поради муабетот со една раскажувачка, која всушност повеќе е преведувачка со блескава насмевка, затоа што, прво, замислете, не јаде благо кога ѝ нудите и, додека јас мислам дека е поради забите и каријасот, таа ми раскажува за холестеролот во крвта и препораките од „типот“, кој по дома ѝ е маж, а по надвор и доктор, како сѐ треба да се спушти на количество од една третина.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Кога заврши тоа, донесоа еден сандак од џамијата, го затворија телото во сандакот и на горниот дел, кај главата, ставија одозгора фес, колку да се знае дека покојникот е маж, а не жена.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
КОТЕ: На жената секогаш треба носот да ѝ намирисува мажот што сака. Оти, мажот си е маж, не е жена!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
СТЕВО: Јас сум син ти Стево, а ова е мажот ти Димитре и аман кажи му да дозволи да ја продадеме куќава за да стокмиме пристојна пара и да се скрасиме на некое друго место.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Вангел Русјаков е маж на Милка, но таа е ситничка, игла топузлијка, не само што нема што да покаже, туку и од она малку нема што да му остане в раце па затоа повеќе е кај Германа на Долги Тодор отколку кај неа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тогаш за првпат ѝ било спомнато на Трајчеица, и тоа в очи, дека треба да се спушти на земјата; дека не смее да мисли дека сѐ што лета се јаде; дека мажот не е секогаш само маж; дека покрај тоа што е маж сака да биде и љубовник, и додворувач; дека на жената ѝ е порачано да биде убава; да биде посакувана;
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Знаеш што е мажот ти, сега, вели војводата, или не знаеш? - Војник е, велам, а не знам што велам. Што да речеш ќе згрешиш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тие ми ги клаваат штиковите под гуша и велат: - Каде е мажот ти? - Војник е, велам, мажот ми.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А мажот си е маж: ти бара да му ставиш, да му постелиш, да му одиш по бесот. Не те прашува дали можеш. Тој е секогаш поуморен од тебе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)