е (гл.) - небо (имн.)

Знам, судејќи по студенилото на сивилото дека овде ни месечина ни сонце не греат. Сѐ како да е небо.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сино е небото а на него напишано моето и твоето име, сини се твоите очи, сјајни и топли, скриени зад завесата на очајот, сини се твоите погледи, вљубени во очите на љубовта, сина е бојата на мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Црвено е виното на дното од чашата, црвена е бојата на розите во нашиот дом, црвени се бакнежите на вљубените.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Хоризонтот не се распознава каде е. Не можеш да разликуваш што е небо, а што планина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Белката е небото што во себе ја крие земјата, која се стреми со сите свои негативности удолу.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
I Дождовите деноноќно врнеа; туриваа силно, поројно; не се знаеше што е небо, што е земја: споени беа, измешани, каша; урликаа реките, потоците, трапиштата, суводолиците; влечкаа од планините чакал, гнилеж, дрвја; се разлеваше водата низ селото ги поплавуваше дворовите, куќите, плевните, ќералите, кошарите, гаждарињата, бавчите, гумната, нивјето, трлата, елиците, стоговите, листовниците - поплавуваше сѐ; туфкаа луѓето не можејќи да излезат надвор, рикаше добитокот гладен, гракчеа кокошките бегајќи сѐ повисоко на кокошарниците и плевните за да не ги зафати водата што растеше; прегладнети удираа со клуновите по гредите и ќерамидите; кучињата пливаа низ водата влечкајќи удавени животинчиња за да се нахранат; гледаа тажно луѓето од куќите, од прозорците, гледаа во водата што растеше, во дождот што непрестајно паѓаше како да се истуриваше од некои небесни мориња; овошките во градините и дворовите стрчеа со ветките над водата како давеници што бараат помош; полесните предмети: сандаци, кошови, канти, каци и разно овошје, пливаа по водата, одеа каде што ги носеа брзаците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сите се правите сѐ знаете, што е небото, што е земјата.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)