Заедно со нашите Исмет и Марјета (подоцна Исмет ни кажа дека е полковник во пензија и дека воена академија завршил во Киев, дека по караницата меѓу Никита Хрушчов и Енвер Хоџа, бил отстранет од војската и пет години проживеал во логор), ја напуштаме улицата Ананстас Дурсаку и низ преминот што води кон центарот, врвиме по тесни сокачиња, мал остаток од стариот град.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во општество без стил и вкус, меѓутоа, можно е полковници и мајори да „филозофираат”, т.е. да командираат со филозофијата, генерали да историзираат, т.е. да маневрираат со историјата, а неквалификуваната аграрна работна сила да литературизира, т.е. да ја „обработува” литературата, да ја „преорува” книжевната „ливада”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)