е (гл.) - зад (предл.)

Навикнав странците да ме прашуваат како ми е зад „железната завеса“, срдечно да ми објаснуваат дека биле во мојата Југословакија и дека нашиот главен град Будимпешта е прекрасен.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бојана накратко му објасни на домаќинот, гардискиот ветеран со долга бела коса и брада дека мора да преспијат во неговата куќа и дека гардата им е зад петици.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Таксистот беше фер. Им рече дека со оглед на тоа дека гардата им е зад петици, ќе мора да ги слезе што е можно побрзо.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Не знам како да излезам, како да ја искачам нагорнината. Потерата ни е зад петици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Клун на птица можеше со еден удар да ми го ископа срцето, штрковите можеа да ме приковаат за земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник клекна до мене. „Тој е зад ридон, така ли е?“ По белегот на лицето му се лизгаше жолтеникава шурка сонце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога запре кај автобуската станица на патот, долго време не смееше да се сврти назад, да види кој е зад неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ѓувезија Дубровска стоеше пред Ѓувезија Дубровска.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сите гледаат кон Вирово. Селото, вистина, не се гледа оттука, оти е зад шумата, ама се гледа чадот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Околу илјада топови пукаа. И два дена и две ноќи не запира пукањето. Нашата артилерија е зад нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)