Споменатите инсталации (со логиката на виртуелните машини поврзани дела) без големи тешкотии го менувааат општествениот систем на уметноста како комплексни, нелинеарни, автореференцијални и автопоетични.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Таквиот збогатен систем не е едноставен, не е подложен на едно начело (исто така нема „водич”), не е сличен на војничкиот систем за да ги игнорира промените и да бега од новотариите кои лесно би го минирале; напротив, тоа е систем кој што безризично произведува ново и демонстративно ги апсорбира сите новини.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Градењето на синтаксата веќе е уметност на умирање; норма е едноставната лингвистичка конструкција.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ова претставува потиснување. Таа не е едноставна операција.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Потсетувајќи се на тоа а во контексот на оваа медитација, сѐ повеќе се уверувам и осознавам дека не само не е едноставен туку напротив, дека е многу сложен и честопати несовладлив проблемот авторот сестрано да го согледа и проучи феноменот на видливото.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Аплаузот е наједноставното и најмногу користеното средство преку кое публиката се идентификува со творците од сцената.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Така го почна разговорот мајката Роса. Таа е едноставна жена, ама мудра и благородна.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Пиво? Тоа е едноставна работа. Чаша или кригла?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Поуката којашто од германското и чилеанското искуство ја погодува хрватската ситуација е едноставна: никаков друг пат не води од тоталитарното минато во демократска иднина освен патот на артикулирано сеќавање.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
„Повелете во нашата продавница која е на излезот – тука се делата на нашите драги пациенти: чорапи и шалови, ноќници и фустани, марамчиња и крпи, предмети изработени од дрво,“ ми рече доктор Гете, а потоа продолжи да ми раскажува како се живее во Гнездо: „Будењето е во шест – прво се чисти она што се растурило во текот на ноќта, под надзор на болничарките, а тоа не е едноставна работа, како што може да ви се чини на прв поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На пример – некој се испосрал на сред собата, некој ја заглавил перницата меѓу решетките од прозорецот, трет го послал чаршафот среде собата, четврт им ги скрил под својот душек влечките на сите со кои е во собата…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)