е (гл.) - млад (прид.)

Иако неговите фонтови се е млад дизајнер потпираат на интуицијата, сите негови комерцијални” и „развојно” на компјутерски експериментални трудови се високо дисциплинирани во нивната фонтови кој веќе приврзаност кон фундаменталните принципи на фонт-дизајнот станува референтна - принципите на структурата, балансот и пропорцијата што ги точка во светот на научил од историјата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не се фали многу од работата, но вели дека, додека е млад, сака да спечали повеќе пари.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога е млад, човекот е и здрав и силен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Освен тоа, таа е млада и силна и ќе се брани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Толку е млада, си мислеше тој, сѐ уште очекува нешто од животот и сѐ уште не сфаќа дека туркањето на некоја несакана личност преку работ од провалијата не решава ништо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Невеста имаш ли бе шутрак, млад си сигурно и таа е млада, ха, ха, ха? - се смееја на глас сите поддржувајки го главниот со климање на главата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Брзаше да знае пред осудата - дали она што го виде е млад глог со испреплеткани гранки или камен покриен со бронзена 'ржа. Тоа беше важно.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Те нема, мил мој... ама јас никогаш не сум ти рекла мил мој - немало време да ти речам - воздивна Ѕвезда и стишено си запеја - само темјанушката да ја слуша - Цвеќе се бере - дури е росно... моме се љуби - дури е младо...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Зборуваше само натрапникот, зборуваше сѐ едно исто, упорно обраќајќи ѝ се на старата со „братучедо”,додека на Ване не му светна дека овој мора да е младиот Курназ, ама не можеше тоа да го провери, зашто не му го знаеше ни името ни презимето, а со прекарот беше ептен некултурно да му се обрати.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Премногу е млад, а младоста и тогаш кога ќе прифати дека човекот не е надарен да лета оваа можност сепак не ја исклучува како чувство па дури и како помисла.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Ало стар Бартоне, овде е младиот Бартон. Денес имам дваесет и една година!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Ракијата е убава, велам, ако е стара и домашна, а жената е убава, ако е млада и туѓа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)