Упаднав утрово во сред муабет на две баби во автобусот бр. 5, на добро разработена тема, и со внимание ја проследив сета дискусија која се разви на половина автобус, на горната платформа и сите здушно учествуваа во правењето на сармата, од тоа дали е поубава од лански лист чуван во сол и вода или е подобар свежо набран од „еколошки“ двор во Карпош кај баба Нада, која лозниците никако не ги прска дури не накалапи 30 пакетчиња.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- Зошто Зоки? - Скратено. Така е поубаво. Ти си Зоки, Зоки... Поки.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Митра ја разбра работата. Сака Илко уште првата вечер да ја види дали е поубава од Стојанка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Не мами се по жолтата боја, - ми вели тој. – Црвената е поубава.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)