Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Оваа првостепена пресуда беше доброволно извршена од страна на директорот на туженото акционерско друштво (Љ.Дракуловски) – при што немаше потреба да се иницира нова постапка за присилна наплата кај извршител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Таа, по сево ова е убедена во фактот дека менаџерите, вработени во претпријатието, сакале – во тоа време – да ја искористат приватизацијата на тој начин што ќе го разработат претпријатието, ама на вработените нема да им даваат плата!? ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Парничните трошоци , кои исто така паднаа на товар на тужениот, изнесуваа 3.000 денари и ги опфаќаа само судските такси за поднесување тужба и за донесување одлука.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)