„… дури и во состојбите кои се оддалечени од стварноста на надворешниот свет како што се халуцинантните конфузни состојби, се сознава од пациентите, кога тие ќе се опорават, дека во тоа време во некое катче од нивниот дух, како што тие тоа го изразуваат, била скриена нормална личност која, како некој рамнодушен набљудувач, набљудувала како тече болеста.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Оваа централна идеја во книгата, претставена во голема драматика која сведочи дури за степенот на загрозувањето на животот и слободата на нараторот, повторувам, ова силно минување низ пеколот на духот е силно предадено во романот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кај некои луѓе Јас е кревка супстанција нагризната од киселината на постоењето, и таму каде што нагризувањето е најсилно, се отвора една поинаква стварност. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)