Тоа е одлика на нашето општество во целина, а треба да се објаснува преку општествени фактори, како и преку индивидуални.
Причините поради кои некои момчиња стануваат хомосексуалци, кои и да биле, мора да се горе-долу истите причини поради кои некои момчиња стануваат хетеросексуалци, со оглед на тоа што само во последниве триста и нешто години момчињата воопшто стануваат едното или другото.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Згодно би било подробно да се знае како работи тој систем и како масовно ги произведува и ги распределува тие релативно нови марки на сексуалниот субјективитет – но, додека не дознаеме, бесцелно е да се шпекулира за процесот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто немаме работа со поединечен случај, туку со колективна појава: со масовното обликување на геј- и на стрејт-сексуалности и субјективитети.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И хомосексуалноста и хетеросексуалноста се артефакти на истиот општествено- сексуален систем, систем што во голема мера се совпаѓа со западниот модернитет, иако е систем што различно еволуирал за жените и за мажите.378
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)