Фрлање од високо не доаѓаше предвид, бидејќи од високо ѝ се вртеше, а би било глупаво, кога веќе свесно експериментира со сопствената смрт, во клучниот миг да ја фати несвестица.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Парот во аголот експериментира со флогистичката теорија.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Тие луѓе експериментираат со естетиката но едновремено мошне се заинтересирани за содржината и темата.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
„Екпериментирав со мириси. Кога одев по празните улици од куќите допираше мирисот на пржена шунка со јајца, филети од пржена риба. И сето тоа го постигнав со машини.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
После овие доживувања, до крајот на животот останал со уверување дека хемиските средства можат да предизвикаат мистични состојби на свеста и побогат духовен живот, што делумно може да се сфати и како израз на неговата личност, длабоко заинтересирана за религија и мистицизам, особено пред крајот на животот, кога и експериментирал со дрогите.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)