жали (гл.) - дека (сврз.)

Се жали дека, како машинист, бил притиснат од голема одговорност. Јас со климање на главата му потврдувам на тој кучкин син.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да почувствува човек силна потреба да ја овековечи, не за себе ами за животот, зашто кој доживеал едно такво среќавање со неа, нема да ја заборави, само ќе жали дека одминала.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа чест ја имаше само уште отец Стефан, кога сочини нови букви, оти логотетот не можеше никако да ги научи постоечките и се жалеше дека се многу сложени.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во нашево ново време ќе завладеат и нови техники.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што се однесува до ковчезите за сахрани, јас најсериозно сметам дека им минува времето. Наскоро ќе се најдат на отпад.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сретнав еден таков мајстор, беше дојден од престолнината, мислам Ресенечки се викаше: умее и витрина да обликува, и легла, а и маси и столови какви што користел само некој француски крал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина жалам дека не сум вешт во резбарството; немам фат за да дотерувам и да создавам форми од кои на штотуку одомените домаќинки на нашите новородени големци ќе им застанува здивот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Па, знаете соудруг Павел, вашите соседи се жалат дека кај вас е многу бучно и замолија да ви кажеме да бидете потивки... – не рекоа да престанам да примам гости со кои во соседството мислеа дека ширам некој вид неморал и дека тоа потпаѓа под закон, туку од околу, тивко и учтиво, како што личи на добро воспитани луѓе, нели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во националистичка Грција се жалеа дека национално се обесправени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И потоа кругот одново ќе се сврти, во постојаната смена на меланхолијата и манијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш, двата пола на лудилото се пројавуваат кај иста личност: “Некои пациенти, откако се меланхолични, имаат напад на манија,” додека пак некој кој бил еуфоричен заради манијата, го обзема меланхолија, “станува, на крајот од нападот, изнемоштен, тажен, молчалив; се жали дека се плаши за својата иднина, чувствува засраменост.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога минувате улица му го стегаш рачето толку многу што почнува да се жали дека го боли, а тебе ти е страв, страв од тоа да не ти се измолкне, да не поттрча, да не го удрат, да не го повредат.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Знаеш ли дека тој што си го застанала синоќа бил доктор, одел да ги обиколи болните, а ти си го исплашила.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во тоа време и сестра ми Ѓура, доведената, и таа се омажи а помајка ми почна да се жали дека е болна, секогаш велеше: Лажичката ме боли, како некоја гуштеричка да ми рипа во стомакот, а во исто време и на грбот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Затоа се жалел дека неправилно си го застанала и не си сакала да му се извиниш.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Редицата се движеше полека напред, сѐ додека Винстон не стигна речиси до самиот пулт, а тогаш запре две минути затоа што некој напред се жалеше дека не ги добил своите таблетки сахарин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само што му се претставив почна да се жали дека има многу работа, дека е многу зафатен.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Може му се слошило! Цел пат се жалеше дека нешто го боли!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Беше тргнал сношти повеќе од пагурчето по случај успешно свршената работа, та почна да се жали дека нешто глава го боли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Влегле сватовите дома да ручаат, а Силјаница си го зела детето за рака и се качила на амбар да плаче и да жали дека не ѝ бил тука Силјан.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се трудев да ја запретам таа врелина што извираше од нејзината снага иако Катерина не престануваше да се жали дека ѝ студи, дека ја лазат некои студени бубачки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во еден момент дури и праша зошто сум ја однел во градската мразарница, зарем не сум можел да изберам поадекватно место?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чичкото со џбунови по лицето, кога сме сами, ми се жали дека неговиот братучед, татко ми, требало повеќе да го почитува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со шалот час врзува врат, час врзува лице и се жали дека ту грло, ту заби го болат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Идат македонски доброволци и ни се жалат дека Грците не им даваат оружје.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Значи Лима, како што реков, ми раскажа сѐ како било. Ми се жалеше дека Тигрестата Опаковка не го прифатила друштвото на другарките со кои и таа отишла.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)