„Викај ја буквата Ж. Ќе се женам со буквата Ж“, реков.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во Потковицата сѐ уште се немаше случено, но за слични злодела денизден пристигаа вести од околните села: Турците грабеа моми и невести и ги носеа на чифлизите; таму ги турчеа и се женеа со нив или сѐ до старост ги чуваа во харемите, а кога ќе остареа, огрубени и обесчестени, ги падеа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Престојува во Њу Орлеанс и Тексас. 4 1947. - Се жени со Џоан Волмер; набрзо им се раѓа син W.S. Burroughs III. 4 1949 -52.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Засветеа прстените на отворено сонце... Кралот се женеше со преубава мома од вичен сој!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Море, седи, ослепаго, како су чинила измет на ваа куќа толку години дури вие да се жените со браче Илка, ќе чина и сега, токо ние сакаме вие да си се удомите, да си имате друшки како шо си имате, а за измет — ќе чина гајрет дури да потпркне Ѓурѓа ошче некоа и друга година, па после и мене ќе ми се поолесне товарот!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)