забележи (гл.) - некој (зам.)

Понекогаш забележува некоја превртена бубалка на грбот што прета со нозете барајќи спас, барајќи да се дофати за нешто за да се отпреврти или чекајќи одново да дувне ветрот што којзне од кога ја отпревртил: од пред малку, од сабајле, од вчера.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Вера како да забележа некоја промена во мојот израз на лицето и во моето однесување, ме загледуваше внимателно повеќе пати.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Коњите што влечкаа оружје и муниција се сместуваа во шталата што војската ја изгради крај селото; војниците што се грижеа за нив, одвреме-навреме ги водеа и ги напиваа вода на езерото; имаше разни коњи: дебели, слаби, болни, троми, а имаше и 'рзаци, та кога ќе поминеа низ селото, ги вртеа главите по дворовите и 'ржеа кога ќе забележеа некоја кобила; а војниците, пак, зрчеа по жените и девојките; но тие, штом ќе ги забележеа, се тргнуваа од патот, се пикаа по дворовите, влегуваа во куќите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога во Долнец летото разговарав со Лена, таа ми напомна дека забележала некоја доза на гнев и нетрпеливост кај Симона во однос на Борко и изградбата на браната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ако забележеше некој момчак работник или подостарен маж како зее во големата цицка на мајка му, за миг ја оставаше големата брадавица и грмнуваше неговиот глас како на возрасен Пуљ си п'тот, пичка ти мајчина, оти!... и пак ја лапнуваше брадавицата и не ја оставаше додека не го исмукаше целото млеко од боската. Понекогаш поминуваше и на другата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Се свртев и се обидов да плукнам низ заби како што тоа го прави Абраш, ама плуканицата ми се исцеди низ брадата и јас набрзина, пред да ме забележи некој, ја избришав со рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мојот познајник, Самоников - мислам дека се насмевнав (за малку и Катерина да ја прашам дали забележала некои промени на моето лице) - мојот познајник Самоников да беше случајно фараон или некоја слична фаца веројатно ќе мораа и неговите љубовници и метреси да го придружуваат на ова негово големо патување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Последнава забелешка, со сите откачени асоцијации што таа ги содржеше, ја придодадов бидејќи забележав како приоѓа Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На брегот забележа некое необично цвеќе.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)