Никако не можел да го заборави умирањето на момчето со крвава уста додека самиот лежел во заседа и со кубура чие значење во почетокот на битката не го знаел или не сакал да го знае: свеќите на неколку животи, почнувајќи од оној здрав старец со мустаќи, догорувале пред неговиот замаглен поглед.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Това е и така јаде дјавол човеци, боде и бие, им зема вера и им краде ум, да не мисљат греховите и да заборават умирање.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Но Онисифор Проказник, со тага гледајќи го колењето на премаленото и збревтаво животно, заповеда да заземат место на чука од која ќе може да се гледа на сите страни и на која не ќе бидат изненадени со напад. Свенувал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)