А потоа (како што ни е познато) следи она, одвајутешното: И големците умираат! И кралевите! Секој живот ѝ е завештан на правта.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Со Хегел навистина заврши блескавата епоха на филозофскиот идеализам и сите филозофски идеалисти по него само се голи интерпретатори на она што е дадено од Кант до Хегел; филозофскиот идеализам по Хегел стана излишен и своето огромно филозофско наследство му го завешта на дијалектичкиот материјализам.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)