Го распрашуваа орелот, Ме распрашуваа мене: Кој го одрони каменот од Месечината, Кој го стопи каменот на Сонцето, Кој ја завири реката со грамада камења и кал, Кој ја скроти молњата во каменот, Кој на каменот си го напишал својот епитаф? 2.2 Го распрашуваа орелот, А јас им го читав мојот епитаф И чувствував како се ронам, Се распаѓам во песок И станувам прашина И станувам пустина.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)