Нештото, што завладеа со него, не беше ниту господар ниту тиранин што изнудува данок или бара покорност, тоа беше исполнет благослов, материјализиран благослов, тоа беше битие во битие, побогата и поголема чувствителност, универзум поблескав од чувствата и од емоциите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Аскер! Аскер! - стравот и паниката завладеаа со мештаните.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Притоа владеат со тајното умеење да завладуваат со туѓото на начин што само ним им е познат...
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„И кога тие би решиле да завладеат!“ викна Чарлс. „Да завладеат со некого?“ 22
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Пред неговите очи дефилираат потомците на генералот Селевк, еден од наследниците на Александар, митскиот цар на Македонците и на Грците кој завладеа со сиот дотогаш познат свет, според тоа и со Палестина и чии потомци, еден од кои е и Селевк почнуваат да ги хеленизираат и Евреите, особено дел од еврејската аристократија, забранувајќи ги нивните верски обичаи, внесувајќи го меѓу нив грчкиот јазик, а во Храмот на единствениот Бог, нивните пагански многубожечки симболи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)