Некои од нив ги загреба грижата на совеста што се појави од црвојаднината на илегалата кога Баге без врска падна во стапица, па му најдоа седало да се скраси: ем да биде кадровски референт, ем самиот да заврши матура.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
1. Макар што му одеа сите предмети освен математика и ја заврши матурата со одличен успех вклучително со примерно поведение, Миха не знаеше што ќе студира - се шлаеше по сокаци, на плажа, на корзо, скокајќи од една можност на друга, како бос по врели камења.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)