Името ѝ беше Никол и потекнуваше од село, но беше многу бистра и на некој начин лукава (итра) жена и успеваше сите работи да ги заврши на време.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Книгата остана заборавена, непреведена, неговата дијалектичка анализа не ја мина границата на родната земја Македонија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Книгата на Климент Камилски, која можеше да се најде во светските библиотеки, во неговата земја, за која, впрочем, беше и наменета, во еуфоријата на сталинистичките закани стана невидлива, а нејзиниот автор заврши на Голи Оток.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Знаев дека ако останам ќе требаше да завршам на нервно, а немаше никаква потреба да се прави толкава жртва, ниту имаше за кого. Тој не вредеше за толкав труд.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ломотев, обвинував, а сепак не завршив на воденичкиот камен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Го прашав: - Дали и денес ќе постапевте така?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Да поспекулираме што би се случило Куликовиот случај да заврши на суд и судијата стварно да го прифати како куче а не како човек кој глуми пес.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Е, и тоа помина. Би и помина. Ама војната не заврши на тоа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)