загине (гл.) - за (предл.)

И кога ќе биде целиот народ готов да загине за своата слобода, кога ќе биде добро наоружан, ќе му дадат, пак они, знак и во еден час ќе се дигне и ќе и истера Турците од нашата земја, да си одат во Анадол откаде шо дошле пред петстотини години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е шо велиш ти, шо велат тие умните глави, како да работиме? — праша Толе, кој дотогаш ги голташе Атанасовите зборови. — Тоа е друга работа сега!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден син ми загина за Бугарија. Другите двајца сега ѝ служат на Бугарија. И јас ѝ служам на Бугарија. Да!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Да загинеш за слободата може ќе ја добиеш смртта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И набрзо ни стигна писмо дека тате загина за величината и славата на мајка Грција...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)