Во еден период, тој се задлабочи во балканските војни и напиша одличен монографски труд за кој му завидуваа не малку официјални историчари.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во бараката седна на клупата зад грубата маса и се задлабочи во идејата како во базен со млака вода.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Така некое од децата се задлабочува во портретот на Јоже во млади години.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Логотетот сосема се беше задлабочил во записот, и одеднаш, ведра сенка му помина на намуртеното чело и се разлеа како озарение по целото лице: „Вадар е вода“, рече и самиот несвесен што рекол.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Таа мистериозна игра, која јас така почнав да ја нарекувам, продолжуваше да трае сѐ до крајот на работниот ден и многу често ми пречеше во работата, особено кога се трудев да се задлабочам во нешто.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Кога се врати Грофот си седна на бирото и се задлабочи во хартиите пред себе.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Наеднаш извади мало новче и почна да го остри моливот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Неговата склоност беше да се задлабочува во некоја тема разложувајќи ја за да одговори на прашањето што си го поставил или да обмислува некој предмет барајќи ја неговата суштина.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Чанга не се задлабочи во татковата мисла, па неговиот коментар повеќе го следеше текот на сопствената мисла: – Лавот никогаш не напаѓа лав, или тигарот тигар...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И не случајно, во овој чудесен предел крај реката, каде што си свивме ново гнездо, во очекување на новите историски настани, особено по Втората светска војна чиј крај се навестуваше, Татко се задлабочи во проучувањето на миграторните процеси на птиците и на јагулите запаѓајќи во нова илузија во која Мајка гледаше пориви за оддалечување од родната земја, а не враќање во неа, како што се надеваше постојано.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во еден период, пред да заминат, Татко се задлабочи во читањето на записите за кабалистите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во еден период, Татко силно се задлабочи во прашањата кои му се наложуваа од постоењето на границите, посебно од тие што ги мина и што требаше да ги мине, при пишувањето на својата никогаш завршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)