Тој беше уверен, а во тоа се убедуваше од ден на ден, од нов турцизам до нов турцизам во текот на нивната работа како и самиот Камилски дека балканските народи се блиски до османската цивилизација повеќе отколку што сакаат да бидат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој на почетокот повеќе како да сакаше да задоволи некаков каприц на Камилски, кој беше во духот на времето, односно на XX век кога по пресметката со Османската Империја, сојузниците (Англија, Франција и Русија во прв ред) и новите- држави нации на Балканот сакаа да го искоренат и цивилизациското наследство, но, како што обајцата увидуваа на примери од нивната мисија, тоа не беше лесен процес со согледливи резултати!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)