Не постои вечноста, освен во чудесните залези на сонцето, колку и да се задржува земјата како своја, како татковина!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Да, и ние децата, со среќната мајка и нашето братче, со нашето козле, не знаевме дали летаме кон небото или нѐ задржува земјата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А кога сонцето заоѓа и синевината ги покажува своите невидени метаморфози, човек кога се оддалечува од Езерото ги понесува идните залези како ветувања на среќа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)