— Шо ќе вида, шо ќе чуа па ти! Си залеа вода, и си киниса ваки со Јова и Бојана, — одговори Нешка и си забуцка да бара нешто во камарата над огнот каде што си ги оставаше своите работи: кончарката, иглите, калец или чорап што плетеше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И овој пред сите ја грабна Милка за прцле и ја кутна.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се утврди дека чорбаџивката Милка Мачкарова ја нападнала будаличката Стојна Мојанчева и и ја искршила стомната, та дури и една рака коса и искорнала од главата, сакајќи преку ред да залее вода.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)