замоли (гл.) - да (сврз.)

Источните патријарси биле замолени да номинират делегати од присутните епископи, но тие се согласиле неволно, не ополномуштувајќи ги своите претставници. Се разидувале исто така околу учењето за енергиите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Уште еднаш го замолив да не се сомнева дека сето ова со водоводот е оправдано и благородно, дека јас морам тоа да го сторам со негова поддршка, дека морам да се вратам со ферман в раце, така реков, со ферман.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Утрото кога дојде Јован, го замолив да слезе долу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
При онаа средба во јули, ме замоли да му ја дадам книгата на Алберт Сониксен, американски новинар и публицист, кој за време на востаничкиот период на почетокот од веков, се движел заедно со четите, вклучително, и во нашите краишта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се скамениле од чудо кога непознатиот, откако ги замолил да го примат на бродот, го споменал и своето име - Полип.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Чудно е зошто не замолил да биде насликан нејзиниот глас што момчињата го носеле како молитвеник во рацете.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Потпирајќи се на една голема ластегарка и со завој на главата, под кој му стрчеа перчиња руси коси, тој застана пред војводата Питу Гули и, гледајќи го право в очи, го замоли да го прими во четата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Френк не ќе беше повеќе изненаден ако девојката го замолеше да направи куќата да може да оди.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Дали некој досега те замолил да заѕидаш нешто во ѕид?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Татко ми нема ништо со тоа... со тебе.“ „Тој ме замоли да зборувам со тебе.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Без никакви формалности, обраќајќи им се на Даниел и на неговиот брат, кои го ѕидаа внатрешниот ѕид, таа директно ги замоли да ѝ ги заѕидаат нејзините добри мисли во тулите на таа куќа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Стигнавме во Велес околу девет часот; на Земанек му купив автобуска карта, го качив на првиот автобус и го замолив да ме остави сам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со таа злобна реченица ја постигнав целта, оти Луција ме прострела гневно со очите и рече: „Би замолила да внимаваме што говориме овде и да не го навредуваме народниот дух и Партијата што стои во негова одбрана“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некаде пред зори, замолив да влеземе под шаторот и да ми најдат една скала (донесоа една прекрасна, алуминиумска скала, одлична за еквилибристика); им ја покажав мојата циркуска точка со Петрунела, љубовникот и мажот со рогови; тие се смееја до бесвест, бараа да ја повторувам точката, и на крајот, Ина рече: „Зошто не ја изведеш таа точка неколкупати, додека сме во градот?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Гледаше во Филозофот, а на отец Стефан не му беше добро, па замоли да седне.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ина покажуваше кон нас, и аѓутантот, постар господин во црн костум со бордо пеперутка и со бела коса, дојде и на лош српски јазик нѐ замоли да си одиме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас замолив да разговарам со Луција; мајка ѝ рече: „Почекајте Лудвик“ и ја остави слушалката отворена; и јас наслушнував како се отвора вратата од другата соба, како мајка ѝ го кажува моето име, како вели дека мора да сам некое чудно дете и како Луција вели нервозно: „Не сакам никого да слушнам!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Па, знаете соудруг Павел, вашите соседи се жалат дека кај вас е многу бучно и замолија да ви кажеме да бидете потивки... – не рекоа да престанам да примам гости со кои во соседството мислеа дека ширам некој вид неморал и дека тоа потпаѓа под закон, туку од околу, тивко и учтиво, како што личи на добро воспитани луѓе, нели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И ние му се претставивме и го замоливме да нѐ упати како да излеземе на автопатот што води за Тирана.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога ѝ реков дека сакам да ја насликам, таа неволно, се согласи, но ме замоли да ја сочекам по молитвата, да го стави апостолникот, камилавката и новата пана, ко што е Редот, ко што вели Законот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш ми дадоа една германска книга со наслов Die Wahrheit ueber Bulgarien. Јас замолив да ми ја дадат да ја прочитам дома.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ве замолив да биде поблиску до факултетот, бидејќи до дипломирањето му фалеа само неколку испити.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Виктор, кој ја знаеше состојбата на Рада, пред нејзе стави чаша Кока-кола и ја замоли да седне.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стана директор и еднаш, само што го замолив да вработи една женичка, ме честеа „Бајадера“, за вработувањето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По еден долг час, отворајќи се докрај пред него, го замоли да ѝ дозволи да му се јави на сопругот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Истата вечер, Марија беше запишана во регистарот на пациентите со посебен сериски број и со површен коментар за нејзиното мистериозно доаѓање и за двоумењата околу нејзиниот идентитет.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Камилски беше восхитен од Татковата потрага и го замоли да ја продолжат заедно...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас можам да ѝ пишам на сестра Хазбије и да ја замолам да останеш овде, таа бездруго ќе се сложи!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Христина го замоли да ги остави да свртат едно кругче до офицерскиот дом, дека ќе се вратат кај него, па можи заедно да продолжат до кај стрико.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Круме Волнаровски пред две години пријателски ме замоли да ѝ обезбедам просторија во Прифатниот центар за да може да изведува настава за членовите на Машкото друштво “Осамени срца”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Те замолив да ги соблечеш алиштата со кои беше на лов и да облечеш чисти, но ти се инаетеше и рече дека нема тоа да го направиш, во тој момент кога јас сакам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Старците му ги отворија своите намачени и настрадани души, се исплакаа од големите зулуми што ги претргаа летово и уште што ги тргаат, и го замолија да им помогне некако ако може.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога ќе узрее од онаа страна пак ќе пристигнат дождовите и земјата ќе не замоли да ѝ ги отстапиме. Земи ги, ќе речеме, земи ги, и дождовите се твои и плеќите наши ќе бидат твои па утре на помеко ќе си ги оставиме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Скоро ќе пристигнат и дождовите и ќе нѐ замолат да ги засолниме под нашата кожа.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Доколку не постои основ за соживот, ти преостанува само да викнеш специјална екипа (слична на Гоуст Бастерс) која има за задача на мирољубив и достоинствен начин да ја спакува целата фамилија, да ги замоли да влезат во еден голем кафез и да ги однесе на стотина километри на север.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ја замоли да стане. Мајка тешко стануваше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Секогаш кога ќе ме замолеше да ѝ го подадам тоа кожено коланче јас грубо го нарекував каиш. Нели, само за да ја збеснам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Никогаш не ѝ го простив тој нејзин каприц да се покажува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
-Тој е шиптар а притоа и женет. Неговата жена ме посети: ме замоли да ја упатам во намерите на ќерка ми.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Речиси без да забележиме, Бојка ги собра остатоците од храна, ги фрли во пластичната кутија под чешмата; со сината крпа од сунѓер ја избриша масата. (Дури и нè замоли да ги тргнеме за момент рацете).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Можеби и му се умилкувал, дека тој лично, Иван Степанович, се потрудил нему, на својот верен пријател да му ја приреди таа чест, тој да ја воведе девојката во нејзината нова професија.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нели ти реков дека Рајна се пофали, кога дојде да ме замоли да ѝ помогнам да се сретне со Анатолиј, оти на серенадата што ѝ ја приредиле некоја вечер пред да ме посети, била испеана и познатата песна за Рајна Бурева но без прекарот на Бурева туку со името и презимето на наша Рајна Коцева!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби го викнал Ролана и го довел до некоја замрачена соба во куплерајот“, си претпоставуваше таа, „до некое сопче од оние горе, на катот, во Градината што не ѝ го знам ни името, и го замолил да влезе во собата и да го стори она што обично, во таквите случаи, им се прави на курвите, уверувајќи го дека е во прашање некоја нова девојка, некое златно суштество.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога се созеде, отиде кај командирот и го замоли да го пушти да отиде на погреб.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И откако нему му се поврати здивот, тие го замолија да им ги каже имињата на сите растенија што ги приготвува, каде ги бере, на кои места и во кое време.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ве замолив да кажете нешто просто, а не дека сте се заљубиле во мене на прв поглед.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Но пред некој ден Изабел ме замоли да ѝ донесам нешто од собата и тогаш на теписонот до креветот здогледав една голема книга а на кориците пишуваше „Водење љубов и пози во сексот“.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Брат ми последен пат ми плаќа кирија. штом толку поради тоа се дере.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пред прозорецот на јужната страна од мојот стан се наоѓа едно мистериозно дрво.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе го замолам да ми помогне да си го внесам мебелот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога ќе ја добијам првата плата, ќе си купам ламба, една убава од месинг, а кога ќе заштедам доволно, ќе си купам и кревет од месинг и една од тие масички со дезен на шаховска табла, знаеш тие со коцки од различни бои дрво, како и неколку килимчиња, и потоа ќе ги поканам на вечера него и жена му; никогаш не би можел да поканиш некого на вечера во куќата на Мајкл зашто таму никој не ги мие садовите и нема ништо друго освен Боб Марли постери и нечистотија и напади на врескање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еднаш на баба ми ѝ се јавил некој слаткар по телефон и ја прашал дали кај нив живее некој си Борис кој влегол во слаткарницата и замолил да се јават на неговиот број и да кажат дека не може да си го најде патот до дома.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Димостен му пратил порака преку некој човек и го замолил да го пречека на станица, ама иникому да не кажува дека ќе поминува по Скопје.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ќе го замолиш да се предаде, ни вели и ќе му ја објасниш борбата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја замолив да отиде на таа и таа улица, да ја земе пратката и да ми ја донесе. Ѝ дадов пари за превозот однапред во случај да сум отидена ако пристигне автобусот пред таа да се врати.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да не беше тоа прва наша средба и да го имав запознато Игбал така како што сега го познавам, сигурно ќе го замолев да ми објасни подетално што се тоа западњаци и источни цивилизации, ама таа ноќ, тогаш, не сакав да помисли дека сум незнајко, па решив утредента да го прашам брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)