замолчи (гл.) - и (сврз.)

Замолче и пак продолжи. И гласов што ми се поткажува, божји глас е или е на сатаната?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Дедо... – пак му се обратив на дедо, ама тој пак покажа со прст на усните и јас замолчав и се загледав во таванот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Замолча и погледна преку рамото чувствувајќи дека вратата зад него се отвори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Замолча и за миг одново го доби изгледот на учител кој испрашува ученик што ветува: „Како еден човек ја воспоставува својата власт над друг, Винстоне?“ Винстон размислуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гласот од телекранот замолча и додаде со еден сосем различен, далеку посериозен тон: „Се предупредувате да бидете подготвени за важно соопштение во петнаесет и триесет. Петнаесет и триесет!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стана замолча и се замисли малку. И се стори дека враната и вели: “Срам!“ па се навреди од тоа и викна: - А зошто да ми е срам!?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Повторното ѕвечкање на чинијата врз масата, кое доаѓаше од стомакот на тетка Марија што се тресеше од смеење, ја потсети на лутината, па замолчи и пак луто ја погледна снаа ѝ.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не сакав да помогнам - не знаев ниту како, ниту пак сакав да влегувам во гомнената каша во која седеше таа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
ЛУКОВ: (Му дава знак на Методи да замолчи и го отстранува во аголот.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Вели: „За криви колца не треба прав пат“ , велеше Лазор Ночески и ние, седевме ден-два ебали го, може и повеќе да седевме во Варна и после нѐ собраа меѓу пушки со штикови и нѐ водат на воз, а Стеван Докуз уште пред вагонот почна да кука, спомнува жена, деца, куќа, јас го тргам за ракав, да молчи оти со кукањето може да помислат дека вистина нешто криеме и за која странска сила го криеме, и Стеван Докуз ќе се штрекне на тоа, ама пак ќе заборави и пак ќе закука и јас ќе го држам за рака, ќе го шибам в слабина, ќе го штипам и тој пак ќе замолчи и нѐ товараат во еден вагон за добиток ли, за пошта ли, за жито ли, нѐ пикнаа во вагонот, нѐ настегаа в шише и ајде за Софија
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)