Не му беше тешко да запали огин.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Да запалиш огин, да разгориш жар, добрини на сегде да даруваш - дар.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Ако не запалиш огин - нема ни да се грееш. Ако не посееше семе - нема што ни да жнееш.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Малата белина на кожата, откриена над најлонските чорапи запалува огин и во најзаспаните погледи.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Ние го запаливме огинот, огинот ќе гори, а ние ќе изгориме во него.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)