запира (гл.) - постапка (имн.)

Доколку после спроведувањето на контролниот надзор, инспекторот на трудот утврди дека се отстранети утврдените неправилности, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во случај кога констатираните неправилности се навреме отстранети, инспекторот на трудот донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор, во спротивно поднесува барање за поведување на прекршочна постапка (чл. 3 од ЗИЗЕОТ/11).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ако работодавачот ги отстрани утврдените неправилности во дадениот рок, тогаш инспекторот на труд донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор, во спротивно поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред прекршочната комисија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)