Прв го започна разговорот Даме Груев.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Земјата, мајчица наша, раѓа. Плодна е и богата. Со врела пот ја полеваме, но за кого?
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Така започнавме разговор, па само по себе се провлече нашето незадолжително пријателство.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
- Ги виде ли оние три во соколааната? - го започна разговорот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Томо, имам еден предлог, го започна разговорот Рада, потпрена на нивната клупа во паркот, мислам дека подобро го познаваш Скопје и ќе можеш да ми помогнеш.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- А вие млада госпоѓице, - Саво беше тој што го започна разговорот со Ивона - како ви се допаѓа нашиот град?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Беше видливо расположен да започне разговор.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Молчеливо, несигурно гледаат во подот не знаејќи како да започнат разговор, си ја местат фризурата во огледалото, си ги испишуваат имињата кога се сами.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Во неколкуте наредни денови сакав да ѝ кажам на тетка Рајна - зошто така му велеше на татко ми, но, не знаев како да започнам разговор.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Кога се создаде пријатна весела атмосфера, Кметот фрли поглед кон учителот, го задржа на него, потоа ја зеде чашата, им наздрави на полковниците, се чукна и започна разговорот да го врти на проблемот со селото; им рече дека луѓето живеат во немир, во неспокојство, дека нестрпливо чекаат да видат што ќе биде со селото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кога девојките од барот го виделе тоа, им се видел сомнителен и повикале полиција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во барот кај што ја минувал вечерта започнал разговор со некои девојки и од невнимание му паднале пиштолите од палтото.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
- Онаа девојка, му рекла како да продолжува веќе започнат разговор, - вчера по тебе дојде и ќе те следи додека си жив.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ја сочекал скаменет и свртен на друга страна. Го поклопила со сенка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пред да го започне разговорот Будимир Лончар со мене, прелета со погледот врз едно досие кое му го донесе секретарката.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Еве ме пред еден од нив, во потрага по индивидуален излез по завршената мисија...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во очекување да започне разговорот со Сојузниот министер за надворешни работи Будимир Лончар забележав дека тој сепак ја имаше задржано сликата на Тито, но не над неговата глава, туку на споредно, незабележливо место.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Потоа имав подолготрајна средба при неговата прва официјална посета на Тунис и Палестинската централа, но тоа е друго поглавје, од дипломатските години.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Половина час потоа, во просторијата која ни беше спална, група млади луѓе донесоа неколку големи празни корита и покрај нив - казани полни со вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се запознавме – се викаа Лина и Ева. Започнавме разговор, но Отла ми рече дека е време за бањање, и ние тргнавме кон нашата барака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Дедо Крстане, дали го виде моето коњче? - го праша Трајче колку да го започне разговорот.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Утрото, кога Татко ја отворил адвокатската канцеларија, го поканил на утринско кафе, во омиленото кафеанче крај Езерото, семејниот побратим Гури Порадеци. – Не ни се пишува арно! – го започнал разговорот Гури Порадеци откако ги испи првите голтки од кафето. – Ништо ново, побратиме мој! – Ама сега опасноста е надвисната над вашата куќа. – И тоа не е ново, побратиме! – Те накодошиле, од ваша рода, блиски до Италијанците, оти не си сакал да им се придружиш и сега си им на нишан!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)