заработува (гл.) - добро (прил.)

„Работевме двајцата и заработувавме добро, перфектно функционираше дуото, Јирачек ми беше заштитник и ебач.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Стојче заработува добро. Постојано игра на прогноза за натпревари со коњи, кои се одржуваат на еден од блиските хиподроми до Сурен, на „Лонгшан“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Започнавме како љубовници и сѐ што правевме беше поттикнато од таа љубов.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Ние заработуваме добро - говореше Ацо. - Работејќи по градилиштата печалевме месечно доста, по ни останува да заштедиме.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Константин З заработуваше добро, воедно бележејќи и солиден раст по стрмната хиерархија на мемлосаната, веќе пристарена администрација во неговото министерство, навивајќи со сета сила за оние министри- президенти што на најистакнатото место во владиниот кабинет се менуваа, понекогаш со вртоглаво темпо, и коишто во помладите како него гледаа нова енергија погодна за какво-такво освежување во стариот бирократски поредок на државата воопшто и посебно на неговото министерство.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)