застане (гл.) - над (предл.)

„Ние“ чувствуваме потреба по скалила и врвови „Сакаме“ само да погледнеме и да се видиме разиграни над рулетот Додека топчето застанува над нулата и банката собира сѐ Да бидеме војници во непостоечки војни Работници и питачи во ред за дневни потреби деца занесени во “фантастичниот” свет на игрите птици со врзани крилја во железни стеги ланци на вратот и пропишани норми.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нема патник што не ќе застане над мостот што ја минува реката Ропотамо, која се влива во Црно Море под самиот Созопол.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Осамен минувач застанува над телото на смрзнатото девојче.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога сирените престанаа да свират, кога потресот се смири, застанав над Републиката да ја гледам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Лето. Сонцето застанато над црквата, Мајка му везе кошулка со распејани цветчиња, Тоа мавта со голите рачиња,се смешка, Гледа во сонот: две светулки го водат за раце и на бело ждребе го качуваат.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Студ ми лазеше по дамарите, леднина ми се лизгаше по вратот, се вовлекуваше меѓу ребрата и полека, небаре скорпија се лизгаше по недрата, го обиколуваше адамовото ребро, и застана над лакот, токму над срцето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ами ако навистина ја заболи забот, си мислев јас застанат над бунарот, ако заради тоа, место една, испијат по две, или по три, или дури и по четири, тогаш дали Јован утре ќе биде кадарен да дојде и да копа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Застанав над непознатите ливчиња на отец Мида и погледот ми се збираше како цела вселена ставена во црно зрно, во црн пајак, сподобие грозно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Застана над железниот кревет и се загледа во бескрвното лице на ранетиот. „Боли?“ праша.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дали забите си ги барав ваму, дали очите си ги барав, си велам и ја кревам главата: четворица мажи, ко облак застанале над мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Немаш коњ да го бодниш и да те фрли и ти пак да му простиш откако ќе се врати и со влажни очи ќе застане над тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Враќајте се, вели војникот, застанат над изворчето, повеќе не се работи патот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)