Но доколку се присетиме на она што беше сугерирано во врска со Витгенштајновиот напад врз интенционалистичката интерпретација на разбирањето, врската помеѓу едно такво објаснување и фрегеовската теорија за објективноста на смислата (и оттаму, во поширока смисла, - платонизам во поглед на правилата), која тој ја претпоставува, единствено не постои.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Бидејќи некој, сосем на место, може истовремено да ги застапува следниве две тврдења: дека смислата, во крајна линија, се пренесува по пат на договор, па според тоа, е функција на, или е конституирана преку употребата, и дека она што го конституира сфаќањето на изразот од страна на говорникот е токму свесноста за образецот на така заснованата употреба.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)