Низ пукнатината на делканата оревовина ги виде сите живи во селото и оние што се далеку по светот, насекаде, преку големи реки или преку мориња со непознати риби и треви - чекорат, ги затвора круг во рамка на безизлез, се враќаат, остануваат по патот по дел од себе, потоа со згрченост ... гроб ... пепел; од нив остануваат само очите да ја бараат целта; распослани насекаде, тие се цветови на црна пролет.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Колку што повеќе го затвораат кругот, чекорите како сами да им се запираат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)