затвора (гл.) - око (имн.)

За момент ги затвора очите 1965. и веднаш се наоѓа во 1958.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој ги затвора очите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ги затвора очите. Сака да се ослободи. Да летне.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој ќе проведува часови и часови на рабинската конференција, а таа не е ни многу подвижна, ниту снаодлива во други места.  Рабинот ги затвора очите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но, чувствува сенка што му паѓа на лицето. Неволно ги отвора очите и гледа: пред него стои црноока девојка во долг фустан и престилка до земја, со ориентален ут во рацете.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги затвора очите и мислите одново му се упатуваат кон темата на конференцијата на која патува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ми приоѓаш од позади, ми ги затвораш очите и ми велиш: „Погоди која сум и запознај ме со истата!“
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Секој затвора очи. Сонува сон. Од сонот почнува сѐ.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Едноставно речено: на вистината не смееме да и ги затвораме очите; јас сметам дека секоја приказна што се случила и веќе живурка треба да се здобие и со нозе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа е општоважечко правило.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ана ги затвораше очите, паѓаше во полусон.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Дишеше сѐ побрзо и побрзо, потоа видов како ги затвора очите, како целото тело му се стега во грч, како му се подотвора устата и тивко крикнува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во тие лутања низ градот, понекогаш мојот поглед ненамерно ќе паднеше на некое големо стакло, или во водата на реката или на некое вирче, па без да сакам се соочував со мојот лик, со погледот загледан во некое отсуство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се слушнав како вриснувам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И самиот дом ми беше некакво огледало, сенка на сенката која ми го поставуваше прашањето кое се колеба меѓу постоењето и непостоењето, и затоа дури и кога студот влегуваше в коски, дури и кога ветерот биеше толку силно што мораше да се затвораат очите, јас лутав по улиците, застанував на мостовите, влегував во некоја синагога или пак црква, седнував на некоја клупа, и така ја проветрував душата како ткаенина во која се насобрал горок мирис.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние, значи, просто си ги затвораме очите пред непријатната за нас реалност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неговите усни изненадувачки совршено ги притиснаа нејзините, под агол од кој таа само за еден краток миг виде како тој ги затвора очите пред и таа да ги затвори своите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Само ги затвора очите. Воздивнува, речиси нечујно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
СТРАВ
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Затоа, реши да ги скине синџирите на моралните норми и запали табуата кои ѝ висеа како дамалков меч; реши да му се препушти на мигот во кој се спојуваат небото и земјата и пред кои и строгите богови затвораат очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Умира Пецо и нарачува. Слушај, жено, кога ќе ги затворам очите, пушти ја мачката да ме рипне.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја гледам како бледа, со усни преплашено растворени, седнува на санката, ги затвора очите и, проштевајќи се засекогаш од земјата, тргнува од местото... „Шшшш“ – шиштат лизгалките на санката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Гледам само како станува од санката снеможена, слаба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Разговарам со некоја девојка од некој панк бенд и заедно го докусуруваме остатокот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ги затворам очите и слободно паѓам во темниот простор.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ги затворам очите во сандаков и можам да те видам таму - во сето тоа светкање, во кристалниот лавиринт на бутици, во мирисот на новата облека.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Извесно време гледаше низ прозорецот, а потоа, или погледот му се замори, или почувствува страв од непознатите предели во кои автобусот почна да навлегува, почна да ги затвора очите, да дреме.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ако не ги затворам очите нема ни да се појави мојот Костадин, си мисли, брца со прачка во вжареното меше на ќумбето ја крева главата а тој веќе е онде каде што таа треба да легне.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А сега, кога сум тука, крај тебе и крај внучињава, ги стискаш забите, ги затвораш очите!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мислејќи дека не ја гледам, силно ги затвора очите, воздржувајќи се.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се наведува: Бакнете ме (ги затвора очите) допир... G-дур ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Одеднаш ја обзема страв од она што ќе го затекне кога ќе влезе; за момент дури ги затвора очите, ги стиска усните, потоа решително ги врти клу­чот и кваката и влегува.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ги затворам очите. Вресокот престанува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ги слушаше ветерот и океанот и мојот глас, секогаш со восхитено внимание, со концентрација што скоро ги исклучуваше самите физички тела и ги задржуваше само звуците. Ги затвораше очите за да слуша.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
ПРЕДПОЛНОЌЕН КОНЦЕРТ Стариот џез-мајстор, веќе заборавен меѓу робусните представници на новниот стил, ги затвора очите, извлекувајќи од саксофонот меки нежни звуци.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Произлегува, според тебе, дека ние сме слепци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За да не можат утре да тврдат оти имаат нешто видено.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како и сите други: кога ќе заѕвони лошото, ги затвораат очите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Анѓеле му ги затвора очите. Го зема јаболкото. * КРАЈ *
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Ги затвора очите и продолжи да ги преметкува мислите што го опседнуваа од оној ден кога почна расправијата меѓу него и Царјанка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ги затвораме очите. Но, повеќе не можеме ни да заспиеме, лежиме во креветот будни и покрај неброените обиди да потонеме во сон зошто чувството на вина ни го гризе сонот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Поминуваат деновите, доаѓаат ноќите, тонат во инфинитет, пуштам тивка музика, легнувам на стариот кревет ги затворам очите и заспивам со истата ноншалантна рамнодушност со која се разбудив.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Полека ги затвора очите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На Ѓорѓија му беше многу мака што не можеше тука да се истакне со својот француски и да го преведе терминот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
МИХАЈЛО: Затвори ги очите. Затвори ги. (Евто ги затвора очите) Не гледај во мене. Не проверувај дали те гледам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ја врти главата, ги затвора очите.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Борис ги затвора очите. Матеј му става лисица на рацете. Пауза. Другите гледаат што се случува.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Затвори ги очите. (Нове ги затвора очите.) Ќе те турнам одзади со прст.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
ЈАКОВ: (Рипа во креветот. Затвора очи.) Добро утро. (Скока од креветот.) Еве ме мене. Ecce homunculus!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
(Му открива една дојка. Ја зема неговата рака и ја става врз дојката. Стево зашеметен гледа. Сара ги затвора очите. Ја гризе неговата рака. Ги отвора очите. Се закопчува. Пауза. Се гледаат. Без тропање, во собата влегува Сивиќ.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Пред секое притиснување на јазичето, таа затвора очи, стега заби и усни.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Навалува глава врз кундакот и, нишајќи се, полека затвора очи и во неа се раѓа желба не да дремне, ами да заспие со вечен сон, да се изнаспие не само за оваа ноќ, ами за сите ноќи поминати во долгите војнички маршеви под снег и дожд, во магла и во жега и во долгите бдеења на исчекување да почне бојот и за сите долги неспиени ноќи по бојовите; да се изнаспие и за себе и за сите кои мечтаат да спијат, заборавајќи го лебот и не мислејќи на вода...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И пак тежнеат клепките, за миг затвора очи и одеднаш си помисли дека во чистиот кревет легна сосе војничките цокули.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По целата уста и грлото чувствува сладовина, затвора очи и со наслада полека голта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јани затвора очи и под клепките гледа полна софра и на неа најмногу грав.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Си ги затвора очите и го мириса бебето и се одлучува да го крсти Лебед.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Што си мислиш?“ прашува Далтон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го бакнува на образот и му шепоти во увото, „Се викаш Лебед. Се викаш Мов. Се викаш Чао.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Многупати ми доаѓа да ги затворам очите, така одненадеж, од добростоење ќе ми дојде да ги затворам очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— За вас ќе затворам очи, велам, но јас не земам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наеднаш нешто ми ги затвора очите, некои дебели прсти ми го покрија лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ниту ја отвора устата, ниту ги затвора очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги затвораш очите, а сонот никако не ти иде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имало, значи, полно факти што го натерале Стег да ја даде следнава необична оценка за солунската полиција: “Слепилото на полицијата, којашто дозволила такви значајни работи да се изведуват во најнепосредна близина на Банката, толку голема количина динамит да се внесе или произведе во Солун и непознати сомнителни лица да одат и доаѓаат без да бидат забележани од нејзините агенти, овде изгледа толку необично што, според мислењето на голем број луѓе, тоа не може на друг начин да се разбере, освен со тоа: можеби е дадена директива таа (полицијата) да ги затвора очите додека револуционерите не се осмелат да преземат акција од таков карактер којашто на властите би им дала можност да ги оправдаат најстрогите репресалии“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)