И додава: За тоа се поставени таму, за да се затвораат ноќе.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На овој истиов поп и на кефалијата еден од чифчиите од Букри, им раскажа на Атпазар во Битола, дури ги држеше воловите од бегот што беа за продавање, како нивниот бег сите ги затвора ноќе во кошарите заедно со стоката, некои дури ги врзува за јасли со долга ортома за да можат да им турат сено на коњите и воловите; како наутро ги одврзува за на работа, им удира по десет грбачи да не зборуваат зашто се робови и им ги предава на ќаата кој по углед на бегот и по негова наредба, барем по три пати на ден им удира по десетина-дваесет грбачи; како за мали кривици ги врзува летно време по цел ден за некој дирек или дрво голи и намачкани со мед или маст, да се збираат мувите и осите на нив; како посега на честа на секоја млада жена и девојка што ќе му се допадне, а веќе првата ноќ по венчавањето младата невеста ќе ја преспие со бегот на кулата, тоа си е адет и закон.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)