затина (гл.) - уво (имн.)

Син му Анко ги затинаше ушите со рака да не слуша.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
ДАРА: (си ги затина ушите). Јууу, немој, побогу, ќе исплашиш људе.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Често кога лаежот е посилен, особено ноќе, Богдан го затвора прозорецот или ги затина ушите да не слуша.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Некои од селаните ја гледаа, а некои се тргаа настрана да не гледаат или ги затинаа ушите да не го слушаат жалното рикање на бикот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Го фаќа бес кога низ ѕидот од соседната соба го слуша нивното кикотење и збивтање слично на куче и ги затина ушите да не слуша или удира со бастунот на ѕидот за да ги замолчи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Добро, им вели тој, и оди да ја удри камбаната; ја удира полека, тажно; од црквата го изнесуваат ковчегот во кој лежи Бандо умрен; таа писка и ги затина ушите да не го слуша погребното удирање на камбаната.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)